Лев банер Десен банер

Почина Вања Лазарова, една од најлегендарните македонски пејачки

Вања Лазарова, легендарната пејачка на изворни народни песни, доајен на македонската народна музика, почина вчера во Скопје, на 86 години.

Лазарова е родена на 27 април 1930 во с. Страцин, Кратовско. Работела во Операта во Македонскиот народен театар, а беше и членка на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“.

Има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на МРТ. Има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти. Пеела во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета II и премиерот Винстон Черчил.

Особен придонес има во соработката со групата „Анастасија“ за музиката за филмот „Пред дождот“, кој во 1994 освои „Златен лав“ во Венеција.

За нејзиниот живот и творештво е снимен и документарецот „Вања: Со маки сум се родила“, во режија на Синиша Евтимов кој излезе пред две години.

error: