Сообраќајна несреќа се случи вчера вечерта на регионалниот пат Охрид – Струга во близина на приватното училиште „Јахја Кемал“.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, во незгодата учествувале две патнички возила и трактор. За среќа нема посериозно повредени во несреќата.
На местото на несреќата извршен е увид, за време на кој немаше прекин во одвивањето на сообраќајот, додаде Димовски.
Facebook Коментари