Обуки и субвенционирано вработување за 440 невработени лица

Објавен е оглас за Обука на работно место со субвенционирано вработување. Наредните 10 дена заинтересираните невработени ќе можат да аплицираат во некој од центрите за вработување. Обуката трае 3 месеци и за тоа време кандидатот ќе добива надоместок. Работодавачот вработениот ќе мора да го задржи на работа најмалку 6 месеци. Со оваа мерка треба да бидат опфатени 440 невработени.
За време на обуката невработеното лице добива паричен надомест од 9.000 денари месечно, во кои е вклучено и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. По завршување на обуката на работното место, работодавачот е обврзан да ги вработи сите обучени лица за што ќе добие субвенција за вработување во форма на финансиска поддршка за бруто плата во износ од 19.000 денари месечно за период од 6 месеци со полно работно време од кои 17.000 денари бруто плата за невработеното лице и 2.000 денари ги задржува работодавачот, како надомест за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес.
Извор: МРТ

