За разлика од Македонија, Црна Гора се наоѓа на чекор поблиску до влез во НАТО, откако во понеделникот вечерта американскиот Сенат даде зелено светло за завршување на расправата за ратификацијата на договорот со кој Црна Гора би станала најмладата членка на Северноатланскиот сојуз.
Сенаторите гласаа со 97 наспроти два гласа во полза за приемот на Црна Гора, што ќе овозможи конечно гласање во Сенатот кон крајот на неделата за влез на оваа поранешна југословенска република во НАТО.
Против беа двајца републикански сенатори Ренд Пол и Мајк Ли, кои сметаат дека нема смисла да и се гарантира безбедност и одбрана на толку мала земја.
Конечното гласање кое ќе му дозволи на претседателот Доналд Трамп да го ратификува договорот, би требало да се одржи во вторник или среда вечер.
Извор: Макфакс
Facebook Коментари