Македонската сениорска фудбалска репрезентација ја победи Белорусија со 3:0 на пријателскиот натпревар на Националната арена во Скопје. Нашиот најдобар репрезентативен тим одигра квалитетно, во текот на целиот меч доминираше и заслужено славеше убедлив триумф.
Стефан Спировски постигна гол за водство во 40-та минута, а Пандев се успеа да постигне два гола во 61-та и во 70-та минута.
Претходно македонската репрезентација до 21 година во пријателски натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ја победи Бугарија со 1:0 и тоа со голот на Марјан Радески во 43-та минута.
Facebook Коментари