Британија и формално ја извести ЕУ за своето повлекување од Унијата

- Свет
962

Писмото, направено и потпишано, според одредбите на членот 50 од Лисабонската спогодба, вчера на пладне е испратено до претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, со што практично ќе започне постапката за раздружување на Британија и Европската Унија.

Во специјалната изјава по повод покренувањето на постапката за Брегзит, Меј повика на потребата од целосно единство во земјата, како и дека во текот преговорите со Брисел, ќе ги застапува интересите на сите жители на Обединетото кралство, вклучувајќи ги и државјаните на ЕУ кои сега живеат во Британија, а чиј статус треба да биде определен во текот на преговарањето.

Се очекува процесот на преговарање да започне во текот на мај, или најдоцна до средината на јуни,

Претходно, на 29 април, ќе биде организиран Самит на земјите членки на ЕУ, без учество на Британија, на кој ќе биде определен мандатот на Европската комисија за преговорите со Лондон. Во текот на мај, врз основа на мандатот добиен од 27- те членки, Европската комисија ќе ги одреди основите за кои ќе се водат преговорите со Британците.

Facebook Коментари