Во Струга на 4-ти Април ќе се одржат „Локални младински муабети“

Локалниот младински форум во Струга организира средба со наслов „Локални младински муабети“ кој е дел од активностите кои Националниот младински совет на Македонија ги реализира, а се поддржани од НДИ.
Форумот следува по регионалната консултативна средба која се одржа во декември минатата година.
Целта на форумите е дискутирање на заклучоците и можните решенија предложени од младите на консултативните средби, а во врска со потребите, проблемите и приоритетите на младите во Струга.
На форумот се поканети да присуствуваат претставници на локалната самоуправа, претставници на политички партии, претставници на образовни институции, локален младински совет, граѓански и младински организации, бизнис сектор, медиуми и сите заинтересирани граѓани.
Почетокот на средбата е во 12 часот во хотел Дрим Струга.
Извор: StrugaOnline

