Лев банер Десен банер

ООУ ,,Браќа Миладиновци“-Струга ги отвори вратите за учениците, 129 првачиња ќе седнат во училишните клупи

Основното училиште ,,Браќа Миладиновци“ денеска ги отвори вратите за учениците. Настава со физичко присуство ќе следат 1200 ученици од прво до деветто одделение, а од нив 129 се првачиња. 61 прваче има во македонските паралелки, 60 во албански и 8 во турски паралелки.

Директорката на ООУ ,,Браќа Миладиновци“, Г-ѓа Лаура Шате истакна дека се комплетно подготвени за почеток на учебната година и строго ќе се почитуваат сите мерки и протоколи за заштита од вирусот ковид 19.

Таа додаде дека поголем дел од вработените во училиштето се имунизирани.

Strugaonline

error: