Доколку имате желба да одржувате здраво тело и здрав дух, а не сте љубител на напорното вежбање во теретана ви нудиме вежби кои не одземаат многу време, воопшто не се напорни, а на долгорочен план ќе предизвикаат низа бенефити за вашето психо-физичко здравје. Станува збор за пет тибетанци. Вежби кои се стари 4000 години , биле чувани во тајност, сè додека на средината на 20-от век не беа објавени во книгата со наслов „5 тибетанци или фонтана на младоста.“ Се верува дека со секојдневно практување на тибетанците се забавува стареењето и телото се одржува во саканата форма без разлика на возраста. Потребно е секоја недела да се зголемува бројот на изведување на вежбите. Секоја од петте вежби првата недела треба да се прави по три пати. Втората недела по пет пати, третата по седум пати. Така, секоја недела зголемувајќи за два треба да се стигне до 21. Петте тибетанци најдобро е да се прават наутро, но можете да ги практикувате во текот на денот но не вежбајте ги навечер и после оброк.
Популарнo…
ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ
После две години статуата на кучето Медена е означена како културно обележје на Google Maps и туристичка атракција во Струга
Пливачки клубови, пливачи и родители шокирани, базенот во Струга се затвора цели 4 месеци
Успешно организирана 21. Меѓународна веслачка регата „Струга Опен“
Место на новата генерација EUROPE HOUSE СТРУГА СЛАВИ ПРВ РОДЕНДЕН
Денес во Подгорци свечено се одбележа 100-годишнината од изградбата и осветувањето на црквата „Свети Јован Владимир“, еден од најзначајните храмови во струшкиот крај
Facebook Коментари