Решете го тестот на Фројд и продрете во длабочините на вашиот мозок

- Занимливо
1256

Сигмунд Фројд е познат како татко на психоанализата,а за да продреме длабоко во сопствената потсвест  треба искрено да го решиме неговиот психо – тест.

На следниве осум прашања одговарајте по ред и одговорите нека бидат првото нешто што ќе ви падне на памет после читање на прашањето.

  1. Затворете ги очите и замислете дека гледате во море. Кое е вашето прво чувство?
  2. Се движите по шума и гледате под своите нозе. Што чувствувате?
  3. Гледате лет на гулаби, што чувствувате?
  4. Гледате коњи, што чувствувате?
  5. Во пустина гледате sид со мал отвор преку кој се гледа оаза. Што би направиле?
  6. Во пустина сте и изморени сте, гледате бокал со вода. Што ќе направите?
  7. Сте се изгубиле во шума, а веќе се стемнило. Здогледувате куќа со осветлен прозор. Што ќе направите?
  8. Во магла сте…Како ќе се чувствувате? Што ќе преземете?

Значења:

  1. Вашиот однос кон животот – емоциите.
  2. Така се чувствувате во кругот на семејството.
  3. Вашиот однос кон жените
  4. Вашиот однос кон мажите.
  5. Вашата главна животна стратегија-целта. Начинот на кој ги решавате проблемите.
  6. Сексуалниот живот и изборот на партнер.
  7. Подготвеноста за брак. Доколку сте во брак – односот кон таа заедница.
  8. Вашиот однос кон смртта.

Facebook Коментари