Во топ-три најдобри високообразовни институции во Република Македонија според ранг листата на Шангајскиот универзитет, е Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид.
Лидерската позиција ја зазема Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а со само три поени помалку на вицешампионската позиција е Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Вкупната оценка од можни 100 поени за универзитетот „Св. Апостол Павле“ е 94,5 поени. Оценката во однос на наставната дејност е 70,7, додека истражувачката дејност е со подобар резултат од 79, 5. поени.
Битолскиот Универзитет во кој е Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, е на седмо место. Битолскиот универзитет „Св.Климент Охридски“, побара повлекување на ранг листата на Шангајскиот универзитет.
Меѓународниот Универзитет во Струга е на претпоследното 18-то место, со вкупни 47, 8 поени.
Последното рангирање на Универзитетите во Македонија се однесува на периодот од 2015 и 2016 година.
Facebook Коментари