Високи казни за лажни вести и говор на омраза на интернет во Германија

- Свет
1154

До 50 милиони евра парични казни ќе плаќаат социјалните мрежи во Германија кои не реагираат и не отстрануваат лажни, спорни вести и говор на омраза. Оваа мерка ја одобри германската влада.

Казните се предвидени за онлајн платформите како Фејсбук и Твитер и ќе се изрекуваат доколку „таквите сајтови не реагираат доволно брзо и ефикасно на проблематичните содржини“, пренесуваат агенциите

-Злосторствата на омраза против кои не се бориме на ефикасен начин претставуваат голема опасност за отвореното, слободно и демократско општество, соопштија од Владата.

Притоа се додава дека извршните директори на групите на социјалните мрежи се соочуваат со ризик да бидат казнети поединечно и до пет милиони евра доколку не ги почитуваат овие мерки, објави АФП.

Facebook Коментари