Лев банер Десен банер

Вардар утре ќе играат против Загреб на СЕХА Ф4 турнирот

Вардарци како првопласирани по регуларниот дел од сезоната,  во полуфиналето на Ф4 турнирот ќе игра против ППД Загреб утре (17:30 ч.).

Во екипата овојпат го нема Даниил Шишкарев кој има повреда на зглобот на ногата, а за неговото место ќе биде во игра Мартин Поповски. Во второто полуфинале играат домашинот на турнирот Мешков и Веспрем.

На досегашните Ф4 турнири Вардар само еднаш не играл во финалето, и тоа беше во сезоната 2014/2015 кога беа четвртопласирани.

Досегашен пласман на Вардар на Ф4 турнирите на СЕХА:
2015/16 – 2 место
2014/15 – 4 место
2013/14 – 1 место
2012/13 – 2 место
2011/12 – 1 место.

error: