
Во организација на Советот на Општина Струга денеска ќе се одржи Прошетка на Дедо Мраз низ улиците на град Струга.Тргнувањето ќе биде во 11:00 часот од Центарот за лица со интелектуална попреченост ,,Порака нова“. Потоа, Дедо Мраз ќе ги посети Детската градинка ,,Пеперутка“, ОУ ,,Јосип Броз Тито“, ОУ ,,Браќа Миладиновци“ и Детската градинка ,,Сонце.“ Постетата ќе биде во дворовите на споменатите институции, за да се испочитуваат ковид-протоколите.
Прошетката потоа ќе продолжи по поглавните улици, ‘‘ЈНА‘‘,‘‘Маркс Енгелс‘‘, ,,Ристо Крле‘,,,Пролетерски Бригади‘‘,,,15-ти Корпус‘‘ низ Струшката чаршија.
Кај Новогодишната елка на Чаршискиот мост се очекува да пристигне околу 12 часот и 15 минути.
Strugaonline
Facebook Коментари