Премиера на филмот ,,Доба на неразум“ вечерва во Мезе-бар Кингстон

- Локални
725
Предновогодишна премиера на краткиот филм ,,Доба на неразум” вечерва во Мезе-бар Кингстон-Струга. Присутните во ,,Кингстон“ ќе можат да проследат две проекции, првата е закажана за 19:00 часот, а втората еден час подоцна.
,,Филмот  е снимен на 04.12.2021 година, актерската екипа ја сочинуваат- Мирослав Петковиќ, како и статисти од Струга и Охрид, додека филмската екипа ја сочинуваа професионалци, помогнати од млади филмски ентузијасти од Струга. Сценариото на филмот беше изработено како сатиричен приказ на секојдневните случување во нашето општество, пред се‘ во Струга, но може да се аплицира во било која македонска ситуација. Сценариото беше изработено како збир од неформални разговори со стружани, а потоа преточено во приказна која е разбирлива за сите кои го живеат апсурдот кој ни се пласира како превез врз реалните проблеми.,, – информира филмската екипа
 Премиерата доаѓа како плод на соработката помеѓу Здружението за култура и уметност Арт-Манија / Art-Mania Куманово и Здружението за афирмација на културата Багер Генезис 2.0, Струга, во продукција на Лента Продукција, а под покровителство на Civica Mobilitas, како дел од проектот „Доба на неразум“.
На проекциите ќе се почитуваат сите мерки и протоколи за заштита од вирусот ковид 19. За влез потребно е да имате сертификат за примени две дози вакцина или документ за прележаност не постар од 45 дена сметајќи од денот на оздравувањето.
Strugaonline

Facebook Коментари