Време-Сончево со мала облачност, новогодишната ноќ ќе биде ведра

- Македонија
481

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Во текот на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, по одделни котлини со појава на магла. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 15 степени.

Утре претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот претежно сончево, на североистокот со умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието на места засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 18 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари