На 2-ри јануари 2022 година, во 18:25 полициски службеници од ОВР Ресен добиле пријава – повик за помош од 20-годишниот Ј.Д. од Битола.

– Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, тој со своето патничко моторно возило „Сузуки”, со битолски регистарски ознаки, заедно со своите сопатници А.В. и Ѓ.Д., двајцата од Битола, бил заглавен на регионалниот пат Отешево – Св.Наум, на кој има активна забрана за движење на возила во зима. Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на местото на настанот и го пронашле возилото кое било заглавено во снегот, по што заедно со возачот и сопатниците, биле извлечени со возилото и спуштени на безбедно место, информираат од МВР.
извор: МВР
фото: архива
Facebook Коментари