Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека синоќа е регистрирана серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 130 километри јужно од Скопје во соседна Грција во околината на Лерин.
Првиот земјотрес кој се случи во 22 часот и 43 минути беше со 5,6 степени според Рихтерова скала, а беше најсилно почувствуван од населението во југозападниот дел на Македонија и тоа со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала. Во централниот дел од земјава беше почувствуван со интензитет од IV степени, а во Скопје и околината со интензитет од III до IV степени. Вториот почувствуван земјотрес беше во 22 часот и 53 минути со 4,2 стпени, а беше почувствуван од населението во југозападниот дел на земјава со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, информираа ноќеска од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје.
Според досегашните податоци, во одредени објекти има напукнати sидови , а според неколку фотографии објавени на социјалните мрежи помали материјални штети има во неколку куќи во Битола. Голем број граѓани во Битола ноќта ја поминаа надвор.
Facebook Коментари