Поради мал број на продадени карти новиот филм на Шиа Лабоф насловен како „Man Down“ престана да се прикажува после само седум дена.
Приказната на овој филм зборува за војник кој се враќа дома од Авганистан и неговата борба со пострауматското стресно пореметување. Верувале или не, за премиерата на филмот се продала само една карта, додека утредента филмот го проследиле уште две лица. „Маn Down“ e прикажан само во едно кино во Англија, а ситуацијата не е ништо подобра ниту во САД, каде овој филм има заработка од само 450 илјади долари. Според овие податоци, „Man Down“ влегува во историјата како филм со најниска заработка до сега
Facebook Коментари