Лев банер Десен банер

Експертска група од УНЕСКО од денеска ќе врши контроли на инфраструктурните проекти во Охрид

Експерти од УНЕСКО денеска доаѓаат во Охрид со цел да извршат увид на почнатите градби како и планираните објекти покрај брегот на Охридското езеро. Новите објекти на Плаошник, хотелот во Лагадин, проект – експресен пат до Свети Наум и планираниот скијачки центар на Галичник се објектите врз кои експертската група од УНЕСКО ќе врши увид.

УНЕСКО на 40-та седница во Истанбул изрази сериозна загриженост за иднината на регионот на Охрид поради бројните инфраструктурни проекти кои се планирани, а дел од нив веќе и во реализација.

Претходно, низа еколошки  организации  организираа бројни настани и трибини против планот за експресниот пат Охрид – Пештани преку Галичица, против планот за скијачкиот центар на Галичица, за новата елитна населба во Студенчишко Блато и туристичко-развојната зона во Љубаништа.

извор: MKD.mk

error: