Утре во Охрид во Факултетот за Туризам и Угостителство ќе се одржи серијал на научно-истражувачки предавања на д-р Семир Османагиќ

- Локални
910

Д-р Семир Османагиќ е човек кој што ги има истражувано Пирамидите во Перу, Хондурас, Мексико, Салвадор, Боливија, Кина, Маурициус, Гватемала и многу други земји во светот. 2005 година ги открива Босанските Пирамиди во Високо, поради што е и примен во Руската Академија на Природни Науки како најмлад член на таа институција во која се наоѓаат и неколку десетина истакнати добитници на Нобеловата награда. После потврдата на истакнати египетски научници за постоењето на Пирамидите во Босна, тој патува низ целиот свет и предава за Босанските Пирамиди.

Повеќе од стотина години нè учат дека пирамидите се градени само во Египет и Мексико, и тоа како гробници или како церемонијални места за жртвување.  Тоа не  е вистина.

Пирамидите се присутни на сите континенти во светот, и многу независни истражувачи го имаат докажано тоа користејќи ги најновите сателитски, георадарски и геотермални инструменти и методи, и со тоа ја отвараат вратата на новата вистина и новата историја за Пирамидите во Светот.

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари