Лев банер Десен банер

Македонија ја совлада Италија во баражот за пласман на СП во Катар

Македонската фудбалска репрезентација се пласираше во големото финале од баражот за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година откако синоќа со  резултат 1-0 славеше на гостувањето кај европскиот шампион Италија.

Голот за победа го постигна Александар Трајковски во 92.минута од натпреварот на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.

Во финалниот бараж натпревар Македонија ќе се соочи со Португалија на гостински терен.

error: