За сите дами – денеска уживајте во благодетите на „розова“ Месечина

- Занимливо
1717

Розевата Месечина носи среќа за женските срца.  Еве како денешната полна Месечина влијае на нас

Полната Месечина постила розов прав на животните патишта и отвара врата за големи успеси. Прочитајте каква енергија ве следи со влегувањето на полната Месечина во Вага.

Полната Месечина денска ни носи мистична енергија која прстот го вперува директно во вистинскиот пат за исполнување на животните амбиции и скриените желби – пишува Lovesensa.

Оваа полна Месечина уште се нарекува и розева бидејќи ја носи вистинската пролетна енергија и не потсетува на моќта и снагата која ја носиме во себе. Не треба да заборавиме дека Месечината носи женска среќа и добра карма, затоа дамите ќе ги соберат плодовите од својот труд.Полната Месечина во Вага ја засилува интуицијата, многу дами својот енергетски тек ќе го насочат во вистински правец.

Магијата на „розева“ Месечина бара да се посветите на самите себе, да ја почувствувате тишината и да се заблагодарите на својата душа и на своето тело за секој правилен потег во изминатиов период. Почестете го своето тело со одмор, на својот дух подарете му мир постигнат преку медитација и воведете баланс во своите емоции со помислата колку се трудевте и колку постигнавте во изминатиов период. Време е да се одморите од планирање на иднината. Посветете време на самите себе и изговорете ја реченицата: „Благодарна сум и посветена во секој момент кој ми е подарен”.

Време е за награда на вредните и креативни души. Соберете ги плодовите кои ви ги испраќа универзумот.

Facebook Коментари