Започнува првиот ,,Стартап Викенд“ во Охрид

- Локални
751
Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Охрид, претстојниот викенд (16 и 17 април) ќе организира „Стартап-викенд Охрид”. Овој настан е наменет за сите млади ентузијасти кои имаат бизнис-идеја или проект, но им е потребен тим, ресурси или менторска поддршка за реализирање на истиот.
Startup Weekend e глобален настан/хакатон кој има за цел да ги поттикне младите професионалци, фриленсери и стартап-ентузијасти на една локација да оформат тим со кој ќе развијат бизнис-идеја од концепт до прототип во рамки на 54 часа, односно еден викенд. Учесниците ќе формираат тим во кој заедно ќе реализираат и тестираат идеја, проект на кој ќе работат.
Тимовите ќе ги доразвијат своите идеи со поддршка на над 30 ментори (стартап-основачи и експерти) и ќе го претстават својот концепт пред жири од истакнати ИТ-професионалци, бизнисмени, инвеститори. Идејата е да се искреираат решенија кои ќе одговорат на предизвиците на современото претприемништво.
– Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ (УИНТ) – Охрид е модерна, иновативна институција која обезбедува извонредност во наставата, учењето и истражувањето. УИНТ е меѓународна институција која се гордее со својата културна различност. Ние се стремиме да воспоставиме меѓународен карактер на универзитетот како водечка образовна и истражувачка институција во регионот – велат од УИНТ.

Facebook Коментари