Градоначалникот Рамис Мерко, учествуваше на Дипломатскиот економски караван за презентација и промоција на економските потенцијали на домашните фирми и инвестициските можности на регионите, што се одржа во Струга.

Потребни се итни економски мерки за ублажување на последиците од светската економска криза. Да запре миграцијата на младите стручни кадри и отворање на нови работни места. Само така може да се намали високата стапка на невработеност во Југозападниот регион во земјава. Ова се дел од заклучоците на првиот економско – дипломатски караван.
-Овој настан имаше за цел да придонесе за регионален развој во Југозападниот плански регион.
Во организација на Центарот за развој на плански регион, на настанот учествуваа амбасадори, заменици амбасадори и претставници од 12 амбасади во Република Северна Македонија. На средбата беа презентирани и промовирани економските потенцијали на локалните компании како и можностите за инвестирање на регионите да придонесат за регионалниот развој.-стои во соопштението од Општина Струга.
Facebook Коментари