Лев банер Десен банер

Меѓународни експерти од универзитетите Хавард и Берн ќе прават експертиза во струшкиот локалитет Врбник, за заштита на Охридското езеро

Професорот по праисториска археологија Алберт Хафнер од Универзитетот Берн во Швајцарија заедно со Валентина Тодороска, подводен археолог од Струга беа гости на градоначалникот на Струга Рамис Мерко.
-Повод за посетата е петгодишниот меѓународен проект, финансиран од Европската Унија, кој е насочен кон областа Охридско Езеро во Република Северна Македонија и Република Албанија. Имено, се работи на тема земјоделство на езерскиот брег и потопни населби кои претходно постоеле во Струга. – информираат од Општина Струга.
 Од таму додаваат дека Меѓународен тим од експерти од Универзитетот Хардвард, Универзитетот Берн и други универзитети, во јуни во струшкиот локалитет Врбник ќе спроведе експертизи кои ќе резултираат со заштита на езерото и чистење на потребните површини.

error: