133 нови случаи на ковид 19, пријавено е едно починато лице од Струга

- Македонија
575
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.833 тестови, а регистрирани се 133 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 78, Битола – 16, Велес – 14, Тетово – 6, Прилеп и Охрид – по 3, Кавадарци, Струмица и Берово – по 2, Куманово, Гостивар, Кичево, Неготино, Радовиш, Делчево и Валандово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (133), регистрирани се 20 реинфекции.
Регистрирани сe 156 оздравени пациенти од: Скопје – 97, Битола – 21, Кавадарци и Куманово – по 6, Прилеп и Охрид – по 4, Тетово и Ресен – по 3, Кичево и Свети Николе – по 2, Велес, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Делчево и Кратово – по 1.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Струга (73г), починато во болнички услови, пријавено на 08.04.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 1.999.002 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.752, бројот на оздравени пациенти е 298.688, на починати е 9.263, а бројот на активни случаи изнесува 801.
Во Струга моментално  има 7 активни случаи на ковид 19.

Facebook Коментари