Лев банер Десен банер

Временска прогноза за 12 април – Сончево и ветровито време

Според информациите од УХМР денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Попладне ќе има услови за врнежи од дожд, посебно во јужните планински предели. Ќе дува умерен, северен ветер кој вдолж Повардарието повремено ќе се засилува. Температурите ќе бидат слични на вчерашните. Максималната температура се очекува да достигне до 25 степени.

error: