Утре во Струга ќе биде одбележан Денот на македонската полиција

- Локални
820
Во чест на Денот на македонската полиција 7-ми мај, утре (30-ти април), во повеќе градови низ Македонија ќе се одржи заедничко дружење со полициските службеници од сите Единици при Министерството за внатрешни работи.
Настанот во Струга ќе се одржи со почеток во 12:30 часот во паркот кај Машка плажа. Организаторите информираат дека доколку временските услови не се поволни за средба на отворено, настанот  ќе се одржи во новата сала во СОУ ,,Нико Нестор“.
Претставник на Министерството за внатрешни работи во Струга ќе биде заменик министерот Назим Буши.
Освен во Струга, одбележување на денот на македонската полиција  ќе има и во Струмица, каде ќе присуствува министерот Оливер Спасовски, во Велес, Крива Паланка и Крушево.
Strugaonline

Facebook Коментари