Лев банер Десен банер

Триатлон клубот 3Disciplines освои три брнозени медали на првенството во Бугарија

Триатлон клубот 3Дисциплинс од Струга, со осум членови во сите категории, настапи на Меѓународното Дуатлон првенство во Карлово, Бугарија.

-И покрај тоа што се настапи на трката веднаш по десет часовното патување  и сосема други дистанци од тие што се стандардни и на кои сме навикнати, нашиот клуб освои  три бронзени медали. Исто така, освоивме четврти места  во сите останати категории. Благодарност до Директорот на ЈП Комунално  Иќмет Ислами и Хотел Монтенегро Струга за поддршката во нашите успеси и за спортот во Струга! Честитки пред се на сите што ја завршија трката на таква тешка патека.,, -изјави за Strugaonline тренерот Никола Кутаноски.

Тој најави дека следната трка на која ќе учествува клубот 3Disciplines е закажана за 8-ми мај- Велосипедска трка во Охрид, на Меѓународниот триатлон натпревар во Скопје на 14ти мај, а месецот ќе го завршат со ,,Трка на поезијата“ во Струга.

Strugaonline

 

error: