Мерко оствари средба со Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која

- Локални
473
Градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко во просториите на општината  оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која. На овој состанок се разгледаа можностите за соработка помеѓу двете страни.
-Градоначалникот Мерко го запозна амбасадорот Која со карактеристиките на Струга, природните и културно-историските вредности и туристичките потенцијали. Соговорниците разменија мислења за можностите за идна соработка меѓу локалната самоуправа и Мисијата на ОБСЕ во Македонија. Мерко високо ја цени улогата на ОБСЕ во развојот на демократските процеси во земјата и изрази надеж за понатамошна плодна соработка, имајќи го предвид искуството во структурите на ОБСЕ, како и големото познавање на регионот.-стои во соопштението од Општина Струга.

Facebook Коментари