Најмалку едно лица загина, а три се повредени – ова е епилогот од експлозија во погон за муниција во американската држава Мисури.
Командата на американската војска соопшти дека експлозијата се случила вчера во градот Индепенденс во воениот погон Лејк Сити.
Портпаролката на командата изјави дека засега нема други информации за инцидентот.
Во овој погон се произведува муниција од мал калибар, а во негови рамки е и полигонот за тестирање на НАТО.
Facebook Коментари