Утре во Струга ќе се одржи традиционалната Ѓурѓовденска литија.
После завршувањето на вечерната и панихидата, од 17:00 часот следи свечената Еордија (литија) со светите мошти на Великомаченикот и неговата чудотворна икона. Чесните мошти ќе бидат изложени во храмот за поклонение пред да започне вечерната боголужба сѐ до започнувањето на Еордијата.
– Ве покануваме да бидете гости на нашата манастирска слава, како и да земете учество во древната струшка литија, која пред неколку години беше обновена и збогатена со присуството на моштите на Св. Георгиј од манастирот во Рајчица. Дојдете, почувствувајте ја радоста и благодатта на овие торжествени настани и примете го благословот на славниот Победоносец Георгиј, велат од Бигорскиот манастир.
Според најавената програма, на крај на Струшката Еордија во дворот на храмот „Св. Георгиј “ ќе следи културно-уметнички настан со настап на ансамблот „Македонија“.
Facebook Коментари