Да се биде христијанин во вистинска смисла на зборот, во име на прочистување на духот, телото, прочистување на срцето, што бара голем влог на умот, прво, од лоши мисли на секоја личност, која треба да тежнее кон ослободување и будење од сонот на незнаењето, и второ, да ја запознае вистинската природа на светот, просторот, времето, и најважно себеси.
Страстната Велигденска недела не’ учи и подсетува на страдањето на Оној кој го понесе крстот за Нас.
Почуствувајќи го стравот од поразот, како да и одстапивме место на омразата, одмаздата и самоуништувањето на Македонскиот човек.
По душа кревок, мирен, трпелив.
По историја, нескршлив, непроменет, генетски немодифициран, чист, по иста пот исцедена, по вековно, наследно, измачена душа на Нашиот Homo Makedonium.
Омразата никогаш не престанува преку омраза.
Омразата престанува преку љубовта.
Она што сме е резултат на она што го мислиме.
Умот е сѐ.
Тоа што го мислиме, тоа и постануваме.
Гневот е суров, а бесот незадржлив, но кој може да издржи пред љубомората?
Непромислените постапки настануваат поради умот.
Ако го промениме умот, ќе може ли последиците да опстанат?
Ништо не е посмртоносно од навиката на сомневање.
Сомнежот ги дели луѓето.
Тој е отров кој го уништува пријателството, општеството, нацијата.
Ги крши добрите односи.
Тој е трн кој иритира и повредува. Тој е меч кој го убива нашето заедничко постоење.
А која е смислата на постоењето?
Во гордоста која трча напред пред уништувањето?
Во вообразеноста која е заслепена од алчноста за моќ, болна од желба за одмазда и ништо не ја сопира кон патот на самоуништување на Нацијата, а при тоа заборава на височината од падот и патот што води во амбис.
Морето драги мои Македонци, не е длабоко зошто реките се слеваат во него, нити маслинките покрај морето се радуваат на морското синило зошто растат на пладневното сонце.
Македонија е секаде, во камењата, во водите езерски, во високите планини, во полињата плодни.
Македонската нација е вековна творба на заедничкиот живот на секој еден што се чувствувал и се чивствува како Македонец.
Немојте во овие пред Велигденски денови да се помати разумот и да завладее хаос.
Тогаш бремената совест на секој еден ништожник, ќе раѓа страв, немир, раздор, крајна состојба на непостоење и разнебитување на Македонската срж.
Нека Христовото воскресение не ослободи од се’, победата над смртта биде новоизбран почеток, продолжение на прапочетокот на вековниот соживот.
Дајте да принесеме слава, мир, благосостојба.
Радост кон Оној што се жртвува и живееше за Нас.
Сашо Клечкароски, април, 2017
Facebook Коментари