Премиера на претставата ,,Енергични луѓе“ во сабота во Охрид

- Локални
404
На 14-ти мај (сабота) во Центар за култура ,,Григор Прличев“ Охрид ќе се одржи премиера на претставата ,,Енергични луѓе“ од Василиј Шукшин, а во режија на Александар Ивановски.
Играат: Никола Тодороски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Адријана Билаловиќ Тодороска.
Билети можете да набавите на  билетарата при НУЦК ,,Григор Прличев” – Народен Театар Охрид. Цена: 250 денари.
Почетокот е закажан за 20:00 часот

Facebook Коментари