Во салата ,,Нико Нестор“ во Струга вчера се одржа регионален натпревар во ракомет во женска конкуренција на кој учествуваа основни училишта од Струга (,,Јосип Броз Тито“), Прилеп (,,Климент Охридски“) и (,,Даме Груев“) Битола .

ООУ ,,Климент Охридски“ од Прилеп одигра нерешено со ООУ ,,Даме Груев“ од Битола со резултат 13:13.
Струшкото основно училиште ,,Јосип Броз Тито“ славеше над тимот од Битола со резултат 19:11 како и над прилепчанки со резултат 21:15.
Согласно резултатите, победник е екипата од Струга ООУ Јосип Броз Тито, која ќе учествува на државното првенство на кое што домаќин ќе биде нашиот град.
Strugaonline
Facebook Коментари