Основното општинско училиште,,Јосип Броз Тито“ во Струга денеска го прослави патрониот празник, со програма подготвена од самите ученици под менторство на нивните наставници.

За време на свеченостa, пофалници добија учениците кои обезбедија пласман на државни натпревари по предметите: математика, физика, биологија, англиски јазик и други.
Пофалници добија и членовите на кошаркарскиот тим при ООУ ,,Јосип Броз Тито“ кои освоија прво место на државно ниво.
Дечињата од четврто одделение и повисоките одделенија читаа реферати посветени на Сесловенските просветители Кирил и Методиј, како и за патронатот на училиштето.

На настанот присуствуваа претставници од општина Струга, ученици, наставници и родители, сите заедно уживаа во изведбите на учениците.


Благодарница за успешната соработка, моралната поддршка и афирмацијата на училиштето доби градоначалникот Рамис Мерко.
Strugaonline
Facebook Коментари