Утре во Струга уште еден велосипедски ден со почеток во 18:00 часот

- Локални, Спорт
435

Во организација на  „Critical Mass Struga“  утре во Струга ќе се одржи настанот ,,Велосипедски ден“.

-Во петок, на 27 мај 2022 година, ве очекуваме да дојдете со велосипед на градскиот плоштад во Струга, во 18:00 часот.,, – повикуваат организаторите.
Велосипедистите ќе возаат низ следниве улици-  Туристичка, Маркс и Енгелс,  Партизанска, Кеј Борис Кидрич, . 15-ти Корпус, Владо Малески, Пролетерски бригади и Боро Хаџиески.
Станува збор за возобновување на стара традиција да се вози секој последен петок во месецот.

Critical Mass е спонтана организација на велосипедисти, што се одржува со години во многу градови низ светот. Велосипедистите се среќаваат во последниот петок од секој месец. Групата прави долг круг по градските улици, славејќи, но истовремено протестирајќи за правата на велосипедистите.

Освен „Critical Mass Struga“, како организатори се јавуваат и Civil Initiative, Struga Eagles,
КАБ Струга и Rupicapra MTB Struga.

Strugaonline

Facebook Коментари