Промотивно видео за седмата сезона на серијата „Игра на тронови” – зимата е веќе пристигната

- Занимливо
1042

Телевизиската мрежа ХБО го претстави новото промотивно видео, кое открива некои интересни детали на седмата сезона на популарната серија „Игра на тронови“,која започнува на 16 јули годинава. Во видеото можат да се видат новите костими на главните ликови на серијата преку кои најавуваат дека зимата пристигнала. Така Џон Сноу, кралот на Северот, продолжува да го носи своето големо крзно. Мајката на змаевите нејзините светли и разиграни фустани ги заменува со кожни фустани со синџири и наметка со боја на костен.

Кралицата Серси Ланистер ја носи нејзината сребрена круна со украсни метални прерамки, што ги носеше во шестата сезона од серијата.

Иако трејлерот за новата сезона на серијата не дава никакви информации за претстојните епизоди, познато е дека во седмата сезона за престолот ќе се борат Денерис, Џон и Срси

Facebook Коментари