Лев банер Десен банер

Министерот за образование, Јетон Шаќири, во посета на отворениот ден во СОУ ,,Нико Нестор“

Со организирање на отворени денови на средните стручни училишта денеска продолжи реализацијата на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ и во Струга, втора година по ред Министерството за образование и наука ја спроведува со поддршка од Швајцарската амбасада и проектот „Образование за вработување“,  чија цел е унапредување на квалитетот на средното стручно образование преку инклузивен пристап со учество на сите засегнати чинители и промоција на придобивките од овој тип на образование пред идните средношколци.
– Ги презентираме предностите и придобивките од средното стручно образование пред младите во Струга. Полуматурантите ги информираме за сите новини кои од учебната 2022-2023 година ќе ги понудат средните стручни училишта, а кои се резултат на дијалогот што МОН го спроведува со општините, училиштата и бизнис заедницата. Ги информираме каде има нови наставни програми, нови дуални паралелки, кои компании се вклучуваат во практичната подготовка на учениците, но и ја подигнуваме свеста дека овој тип на образование нуди поголеми можности за нивен личен успех.-информираше Министерот за образование Јетон Шаќири.
Тој додаде дека до крајот на овој месец ќе се заокружи планот за реализација на 16 промотивни настани и секаде, како што рече, во секој град ќе ја испратиме истата порака – младите да се фокусираат на средно стручно образование, затоа што токму во таа област е иднината.
-Општеството се соочува со дефицит на стручен кадар, има многу слободни места за кои се бараат стручни квалификации. Така што, стручното образование обезбедува поголема веројатност за брз и успешен настап на пазарот на трудот, за побрзо финансиско осамостојување на младите и економска стабилност. Воедно, обезбедува и добра основа за секој кој сака академски да се надградува-потенцираше Шаќири.
Strugaonline

error: