Лев банер Десен банер

ЛТХ Леарница вработува инженер за контрола на квалитет во сектор на Обезбедување на квалитет на производ (2 извршители)

ЛТХ леарница вработува Инженер за контрола на квалитет во сектор на Обезбедување на квалитет на производ (2 извршители)

Опис на активности:

  • Имплементација на постапки за контрола на квалитетот на производите во соработка со производство, подготовка на контролната документација, акции за подобрување на квалитетот на процесите
  • Идентификува неусогласености и превзема превентивни мерки, предлага корективни мерки за отстранување на неусогласеностите во процесите, воведува нови системи за обезбедување на квалитетот.
  • Врши контрола на системската документација во поглед на барањата на стандардите кои се имплементираат во компанијата
  • Врши модерација на FMEA системот и решава рекламации
  • Обезбедува соодветни обуки, насоки и совети со цел производниот тим да го постигне бараниот квалитет
  • Обезбедува и врши подготовка на податоци,анализи и извештаи за подготовка на годишните интерни и екстерни аудити (редовни и вонредни)

Останато:

  • Почетна месечна плата : од 30.000,00 без искуство, обезбеден топол оброк
  • Покриени трошоци за превоз до работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
  • Во случај кандидатот да доаѓа од друг град, можност за покривање на трошоци за сместување
  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • Исплата на новогодишен надоместок
  • Награди и бонуси согласно покажани резултати
  • Доброволно приватно здравствено осигурување

Квалификации:

  • Универзитетска диплома од техничките науки (апсолвенти)– Машински Инженери имаат предност
  • Одлично познавање и активна примена на англискиот јазик ( германски ќе се смета за предност)
  • Способност за читање и разбирање на цртежи, упатства и спецификации
  • Познавање на работа со компјутери, МSOffice (Excel, Word, PowerPoint, Outlook), способност за математичко и статистичко решавање на проблеми од областа
  • Организација на време, високо ниво на иницијативност и комуникација, способност за работа со рокови.

Специфични квалификации:

  • Работно искуство од областа од 1 година како инженер за квалитет во автомобилска индустрија се смета за предност.
  • Услови за работа:

Позицијата бара користење на заштитна опрема, работа 40h неделно/ 8h дневно, работа со рокови и комуникација со купувачи (англиски јазик задолжително познавање и говорење).

Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид.

Вашите апликации можете да ги испратита на линкот подолу со избор на „EMPLOYMENT OPPORTUNITIES“  и во најскоро време само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Краен рок за пријава и достава на CV:  15/06/2022 на следниот линк:

https://www.lthcastings.com/default.asp?mid=en&pid=employmentopportunities

Ве очекуваме!

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120  дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

error: