На 26-ти јуни (недела) ќе се одржи деветтиот традиционален планинарски марш „ЦРН КАМЕН 2022” – Јабланица. Планинарски марш до највисокиот врв на Јабланица, Црн камен (2258 м.н.м.в).

Програмата започнува во сабота во 16:00 часот за кога е планирано пристигнување на планинари и планинарски групи кои преноќуваат во С. Горна Белица и поставување шатори. (Можност за поставување шатори во дворот на поранешната караула на АРМ)
Во 18:00 часот ќе започне планинарската забава и истата ќе трае до полноќ.
Во 18:00 часот ќе започне планинарската забава и истата ќе трае до полноќ.
Во недела во 7:30 часот планинарите и планинарските групи ќе се соберат пред хотелот во Горна Белица, а половина час подоцна ќе тргнат кон највисокиот врв на Јабланица, Црн Камен. Според планот, на врвот треба да пристигнат во 11:00 часот, а еден час подоцна ќе тргнат кон вевчанска локва и ќе се вратат во Горна Белица. Во 15:00 часот се очекува да пристигнат во Горна Белица по што следува одмор и планинарско дружење
Пријавувањето ќе трае до 24.06.2022 година (петок) – на тел. 078/217-597 (Димитри), или на e-mail: [email protected] или на Facebook страната www.fb.com/ZakamenPED.
Пријавувањето ќе трае до 24.06.2022 година (петок) – на тел. 078/217-597 (Димитри), или на e-mail: [email protected] или на Facebook страната www.fb.com/ZakamenPED.
Strugaonline
Facebook Коментари