Спасовски: Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е задоволителна, годинава се бележи намалување на бројот на кривични дела

- Локални
438
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска во Охрид оствари работна средба со раководството на СВР Охрид на којашто бил информиран за активностите на оваа полициска организациона единица. Притоа, утврдено е  дека според презентираните статистички и други показатели, безбедносните состојби на подрачјето во надлежност на СВР Охрид се мошне задоволителни, што е особено важно во пресрет на годинешната туристичка сезона, кога Охрид станува центар на туристичката посета и домашната понуда.
,,Во првите пет месеци од оваа година, компаративно со истиот период минатата година, евидентно е намалувањето на бројот на кривични дела по основ на класичниот криминал и се бележи зголемување на ефикасноста во расчистувањето на кривичните дела, која се движи од над 10%, а некаде и над 46% на ефикасност.-информираше Спасовски.
Тој додаде дека во однос на безбедноста во сообраќајот, споредбено со првите пет месеци од минатата 2021 година се бележи намалување во сите сегменти – број на сообраќајни несреќи, број на лица со потешки или полесни повреди и, што е особено важно, број на несреќи со загинати лица.
Strugaonline

Facebook Коментари