Во Струга започнува Меѓународниот камп за млади музичари „Етно Македонија“

- Локални
465

Во организација на Музичка младина на Македонија, од 13-ти до 21-ви јуни во Струга, ќе се реализира Меѓународниот камп за млади музичари „Етно Македонија“.

 На кампот којшто е дел од светски познатата програма „Етно“ на Меѓународна музичка младина, годинава ќе учествуваат музичари од Република Македонија, Босна и Херцеговина, Аргентина, Германија, Грција и од Бугарија.

– Работилниците на кои младите музичари ќе ја споделуваат и ќе учат традиционална музика на секоја од државите на учесниците, ќе бидат предводени од искусни ментори, меѓу кои се и македонскиот композитор и диригент Ангел Спироски и перкусионистката Деа Плевнеш. Музичарите за само неколку дена, за време на работилниците ќе подготват интернационална музичка програма која ќе ја претстават пред публика, на концерт што ќе се одржи на 20-ти јуни на летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, со почеток од 20:00 часот, информираат организаторите.

Кампот „Етно Македонија 2022“ e финансиски  поддржан од Министерство за култура и е во соработка со Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Влезот за сите посетители е слободен.

Facebook Коментари