Вчера во Охрид започнаа овогодишните балкански спортски игри.
Учествуваат околу 450 ученици-натпреварувачи од најдобрите средни училишта од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
-Земјите од Балканот стануваат се поблиски соработувајќи на различни полиња, а спортот е еден од нив и тоа високо на листата. Честа е уште поголема што еден ваков настан е под покровителство на Агенцијата за млади и спорт во соработка со Федерацијата на училишни спортови. Денес тука е нашата иднина! Иднината на Балканот! Средношколци од различни земји, тука во Охрид ќе го развиваат тимскиот дух, ќе го усовршуваат фер плејот и ќе почувствуваат здрава компететивност.-рече на отварањето директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски.
Натпреварите ќе се одржат во неколку дисциплини, во машка и жеснсака конкуренција и тоа: ракомет – машки и женски, кошарка 3х3 – машки и женски, футсал – машки и женски, одбојка на песок, пинг-понг, атлетика (100м, скок во далечина и фрлање ѓуле) и шах.
Игрите ќе траат до 16-ти јуни.
Strugaonline
Facebook Коментари