Тројца мотоциклисти во Струга казнети поради возење без кацига, уште тројца возеле мотор без дозвола

На 12.06.2022 година од 17 до 22 часот, при извршени сообраќајни контроли кон возачи на мотоцикли, полициските службеници затекнале и санкционирале 08 мотоциклисти кои не користеле заштитен шлем-кацига (Охрид-03, Струга-03, Кичево-02). Воедно, санкционирани се и 05 возачи кои управувале мотор без возачка дозвола (Струга-03, Кичево-02). Целта на овие сообраќајни контроли пред се е, доследно почитување на законската обврска за задолжително носење заштитна опрема при управуање со мотори и мопеди и зголемување на нивната безбедност, како ранлива категорија учесници во сообраќајот.
Извор: СВР Охрид
фото: архива
