Претставата ,,Сопружници“ во петок ќе се игра во Охрид

- Локални
486
Претставата ,,Сопружници” од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска, е на репертоарот на Центарот за култура ,,Григор Прличев“  во петок  17.06.2022 година со почеток во 20.00 часот, во малата сала.
Играат:
Гејб – Ивица Цонев
Џуди – Елизабета Стефановска
Џек – Никола Тодороски
Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска
Мајкл – Филип Кипровски
Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев
Костимограф – Ванчо Василев
Инспициент – Филип Ангеличин – Жура
Светло – Борис Велјаноски
Тон – Митко Серафимоски
Избор на музика – Драгана Таневска
Дизајн на плакат – Борис Далчев
,,Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите –  вели режисерката Драгана Таневска.

Карти по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Strugaonline

Facebook Коментари