Дарко Крстески е нов тренер на ФК Караорман

- Локални, Спорт
759

Дарко Крстески е нов тренер на  ФК Караорман.

Крстески во својата играчка кариера настапувал за Победа, Црвена Звезда, Борац Чачак, Сутјеска и Флориана на Малта. Тренерската кариера ја започна пред осум години и со успех водеше неколку македонски прволигаши и второлигаши. Ги тренирал Победа, Тиквеш и Пелистер, а  бил тренер и во странство.

,,Му се заблагодаруваме за досегашната работа на тренерот Илче Перески и му посакуваме понатамошен успех во тренерската кариера!,,-велат од ФК Караорман.

Strugaonline

Facebook Коментари