Вчера ракометарите на Охрид загубија од Вардар со 35-23

- Спорт
1039

Вчера ракометарите на Вардар стигнаа до четвртата победа во домашниот македонски шампионат, откако во натпревар од 4-то коло на Плејоф лигата ја совладаа екипата на Охрид со 35-23.

Екипата на Вардар уште во првото полувреме стигна до разлика од седум гола (20-13), по што само ја одржуваше разликата во второто полувреме.

Во следното коло, Охрид ќе игра со Пелистер во Битола.

Табела:

Металург 12 бодови (4 натпревари),

Вардар 9 (4),

Охрид 6 (4),

Пелистер 3 (3),

Еурофарм Работник 3 (3) и

Борец 0 (4)

извор: ОхридПрес

Facebook Коментари