Стружани утре на протест ќе бараат чист воздух

- Локални
2822

Не стивнуваат реакциите на граѓаните на општина Струга и околината поради густиот чад кој го дишеме веќе четири дена, а доаѓа од депонијата сместена во непосредна близина на градот. На социјалните мрежи револтираните граѓани бараат одговори од надлежните, а формирана е и граѓанска иницијатива под мотото, „Доста“ која најави дека утре во 16 часот поради овој проблем ќе се одржи протест пред зградата на Општина Струга.

Инаку, вчера, Општина Струга излезе со следново соопштение до граѓаните:

Ги информираме граѓаните на Општина Струга дека локалната власт, пожарникарите и фирмата контрактирана за оддржување на депонијата, права се што е можно за да се неутрализира и да се спречи проблeмот со палењето на градската депонија.
Во местото на настанот, вчерашниот ден е констатирано дека две стари гуми, полеани со бензин, намерно биле фрлани во депонијата за да предизвикаат хаос, неконтролиран пожар и се разбира како резултат на смрдеата и големиот чад, Струга да биде неподнослива во овие празнични денови.
Информирани се полициските органи. Вакви настани сме имале можност да гледаме често во овие четири години, меѓутоа никој досега не е повикан на одговорност од Министертвото за Внатрешни Работи.
Бараме соработка и разбирање од граѓаните и ве уверуваме дека вршиме големи напори за ситуацијата да биде под контрола. Очекуваме до утре изутрина проблемот да биде поминат.

Извор: StrugaOnline

Фото: Глигор Ќатоски

Facebook Коментари